Каков имот пријавиле уставните судии - Костадиновски има стан во Охрид и кредит од 660 илјади денари

Според анкетниот лист на уставниот судија Дарко Костадиновски, доставен до Антикорупциската комисија, кога станал судија во Уставниот суд, на име на сопругата пријавил стан во Скопје од 98 метри квадратни, проценет на 4,5 милиони денари, и стан во Охрид од 43 метри квадратни во Охрид, проценет на 2,1 милиони денари, пренесува еМагазин.

Становите како што стои во анкетниот лист,се стекнати со договор за купопродажба.

На свое име пријавил и авомобил „Хјундаи Тусон“.

Има и плац во Сопиште од 1.000 метри квадратни, проценет на 3,6 милиони денари, стекнат со договор за купопродажба.

На име на сопругата и децата пријавил девизни депозити, девизни штедни книшки…

На свое име исто така пријавил девизни штедни книшки, но и кредит од 660 илјади денари, кој треба да го врати годинава.

Целиот негов анкетен лист, ОВДЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.12.2019 - 08:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега