Каква е состојбата на македонските туристи од автобусот кој се преврте?

Македонски туристи се повредени откако вчера патувајќи кон Копаоник, автобусот со кој се возеа се преврте на страна на автопатот Блаце – Белољин кој е во фаза на реконструкција во соседна Србија.

За среќа иако има повредени, нема жртви, а причините се утврдуваат.

Според официјалните информации сите се во добра здравствена состојба и се упатени дома со друг автобус.

Единствената патничка која е со посериозни повреди на пршлените на кичмата заврши на Неврохирургија во Ургентниот центар во Ниш.

Патниците кои биле околу средовечна возраст оделе на еднодневна екскурзија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.12.2019 - 14:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега