Какво време нè очекува до крајот на оваа недела?

До петок ќе се задржи стабилно и топло време, а дневната температура ќе достигне до 35 степени. Во сабота ќе има појава на локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Од недела температурите ќе бидат во постепено опаѓање, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Времето утре ќе биде сончево со мала локална облачност и слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринските температури утре ќе се движат од 5 до 14 степени, а дневните од 24 до 35 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со мала облачност. Утринската температура ќе достигне до 10 степени, а дневната до 32 степени.

14.09.2021 - 11:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега