Калеска- Ванчева: Во коалицијата на Мицкоски, Села и Апасиев нема идеологија што ќе ги поврзе освен желбата за власт

Мината година имавме парламентарни избори кои беа предвремени, за потсетување по Преспанскиот договор, а народот јасно кажа дека ја дава довербата на СДСМ и коалиционите партнери рече пратеничката од СДСМ Снежана Калевска Ванчева во гостувањето на НТВ.

И апсурдно е сега по локалните избори да говориме дека Владата мора да падне за да биде детронизиран Зоран Заев со познатата реторика на опозицијата, па ние цела година слушаме дека опозицијата се најавува ново мнозинство. Ако говориме за лажење и манипулирање тоа е на другата страна, на кого да веруваат граѓаните? На Мицкоски и Апасиев, кој сака да ја однесе државата, не знам каде, кон Кина, Индија, Пакистан, секако не кон евроатлантските интеграции, нагласи Калеска Ванчева и запраша на која идеологија би почивала новата влада на Мицкоски Апасиев, Села..

Таа нагласи дека коалицијата на СДСМ се заснова на принципи, а не се заснова на уцени, ниту убивање на идентитет на политичките партии, а доказ за тоа е дека дел од коалициските партнери решија да одат самостојно на локални избори, ВМРО-ДПМНЕ не може да сфати, кај нив не се почнати демократски процеси.

Секој политички субјект во нашата коалиција има право на своја одлука и ние веруваме во коалицискиот капацитет и во искреноста на коалиционите партнери бидејќи не отстапија од коалицискиот договор, а тоа е идеологија и платформа, а не е само проста математика, порача пратеничката на СДСМ Снежана Калеска Ванчева.

Таа потсети што се ни се случуваше во годините кога владееше ВМРО-ДПМНЕ.

Во изминатите 30 години во време на владеење на ВМРО-ДПМНЕ во 2001 имавме војна, па сите заедно моравме да најдеме сили да дојдеме до Охридскиот договор, па да ја оправаме државата, по добивањето на кандидатскиот статус во 2005, од 2006 наместо да продолжиме по патот на реформите, почнавме видливо да се враќавме назад, нагласи пратеничката на СДСМ Снежана Калеска Ванчева.

10.11.2021 - 11:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега