Калевска-Ванчева: Единствено е што е предвидливо во овој момент е дека утре ќе имаме седница

 

Единствено е што е предвидливо во овој момент е дека утре ќе имаме седница, тоа не значи истовремено ниту доверба ниту недоверба на Владата, истакна  пратеничката на СДСМ Снежана Калеска Ванчева во емисијата Топ тема на телевизија Телма.

Таа додаде дека треба да помине седницата и секој да каже што мисли и некаде пред  полноќ ќе биде гласањето, и дури тогаш може да се каже дека има една или втора ситуација, бидејќи секој пратеник гласа  согласно своето убедување.

Никој не може да тврди што ќе се случи утревечер. Ако успее иницијативата јасно е дека треба да дојдеме до компонирање на нова Влада, која треба да биде потврдена во Собранието. Во таков случај, очекуваме ние да го добиеме мандатот, веруваме дека на крајот на денот сепак влада ќе состави СДСМ со коалиционите партнери и тој коалиционен капацитет не бил нарушен, оти почива на вистински вредности. Со никого не сме се простиле и не сме затвориле врата, освен на оние што не се јасно за евроатлантските интеграции и не не поддржуваат на патот на прогресот и демократијата, што бараат да се укине признавањето на Косово, Охридскиот договор, Преспанскиот договор, како и заради тоа што веќе станавме членка на НАТО и многу сериозно веруваме дека сме пред започнување на преговори со ЕУ, нагласи Калеска Ванчева, додавајќи дека оваа влада покажа капацитетност да се справува со пандемија и кризи од секаков вид.

Таа додаде дека од опозицијата овде слушаме реторика, којашто е на основа на тоа дека не е важно што ќе биде утре и дали тие ќе состават влада, друга, со кого би ја составиле, не е важна идеологијата, платформата, дали ќе се оди лево, десно, кон центарот, тоа не е важно.

На оваа држава не и треба политичка криза, не и треба некој што не знае што ќе се случи денот потоа, дали ќе може да направи влада или нема да може, ако може со кого ќе ја направи и на какви основи ќе се заснова, кои по секоја цена се заинтересирани владата да падне, а јасно е дека немаат јасна претстава што сакаат дали избори, дали нова влада, на овој народ тоа не му треба, искрено верувам дека на крајот разумот и прогресот ќе победат, порача пратеничката на СДСМ Снежана Калеска Ванчева во емисијата Топ тема на телевизија Телма.

 

10.11.2021 - 22:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега