Калфин: Не верувам дека Бугарија ќе ја смени својата позиција и политиката кон Македонија

Не верувам дека Бугарија ќе ја смени својата позиција и политиката кон Македонија. Бугарија е губитник во сегашната ситуација и ќе остане во историјата како земја што ги прекина преговорите за пристапување на Македонија и Албанија во ЕУ, иако сакавме да бидеме лидери и да го водиме овој процес на интеграција на Западен Балкан“, вели поранешниот министер за надворешни Ивајло Калфин.

Тој смета дека бугарската позиција е погодна за други земји кои исто така не сакаат да го започнат процесот на преговори, но ја користат Бугарија како изговор за тоа. Според него, бугарскиот меморандум е несфатлив за повеќето Европејци и наместо да го постигне посакуваниот ефект, тој ја изолирал Бугарија. Калфин вели дека ветото ги зајакнало антибугарските чувства во Скопје и дотури вода во воденицата на „србоманските кругови“, пренесе news.bg

Поранешниот шеф на дипломатијата семета дека прашања без одложување треба да се решат, бидејќи одложувањето на решавањето на проблемите не помага.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.12.2020 - 13:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега