Калининградските компании се запознаа со бизнис потенцијалите на Македонија

Денеска Владина делегација предводена од премиерот Никола Груески ја посети Калининградската област во Русија и ги презентираше бизнис потенцијалите на Републикава.

Претседателот на Владата на Македонија Груевски во своето обраќање ги повика калининградските и руските инвеститори да ја посетат Македонија за да се запознаат со нејзините бизнис-потенцијали, а воедно посочи и дека Русија е голем пријател и партнер на Македонија.

-Македонија ги укина визите за руските граѓани и може да дојдете во Македонија за да се уверите на дело во нашите поволности. Во Македонија има руски инвестиции како што се Протект груп, Солвеј груп, Лукоил, Гришко и од нив може да добиете потврда за можностите за водење на успешен бизнис во нашата земја, истакна пред присутните премиерот Груевски. Kако резултат на реформите за унапредување на бизнис климата Република Македонија е на листата на респектабилната Светска Банка каде за 6 години напредуваше од 94 на 23 место, а Прајсвотерхаус Купер ја прогласи нашата земја за 24 - та најпријателска земја во светот за бизнисмените во однос на фискалната политика и даночната политика, што е доказ за соодветната бизнис клима во која Владата и институциите се спремни да придонесат и да излезат во пресрет на инвеститорите, изјави Никола Груевски пред присутните.

Исто така во своето обраќање потпретседателот Пешевски се осврна на можностите за развој и продлабочување на соработката во областа на  туризмот, додека министерот Бил Павлески ги претстави можностите за инвестиции во земјоделството и во производството. 

-Поддршката која ја дава Владата за производство и пласман на земјоделските производи создава квалитет кој е препознатлив бренд за Македонија, истакна Павлески во своето обраќање.

Во своето обраќање и Виктор Мизо се говореше за поволностите за инвестирање во технолошко индустриските зони во Републикава.

најчитано сега