КАМ ги прегази Тинекс и Веро - во пандемијата граѓаните потрошиле 650 милиони евра во големите супер маркети

Пандемијата го зголеми апетитот на граѓаните. Според податоците кои ги објави порталот „Пари“, македонските граѓани во девет ланци на маркети потрошиле 40 милијарди денари или 650 милиони евра за време на пандемијата.

Маркетите на КАМ оствариле најголеми приходи, од 169 милиони евра.Суверен лидер на пазарот се ланецот на маркети КАМ со вкупно остварени приходи од 169 милиони ЕУР, позиција која КАМ успешно ја одржува во последните 3 години. Покрај тоа, КАМ дополнително ја зајакнува својата позиција со тоа што од година во година се зголемува разликата помеѓу нив и останатите конкуренти. На листата надолу следува една петторка (ТИНЕКС-МТ, ВЕРОПУЛОС, СТОКОМАК,КИППЕР МАРКЕТ И КИТ-ГО) која според износот на приходи е во рамки од 65-88 милиони ЕУР, а последните 3 позиции се резервирани за РАМСТОРЕ,ГРАНДПРОМ-ЗУР и РЕПТИЛ, кои генерирале приходи во износ од 16-53 милиони ЕУР.

Најголем годишен раст на приходи е евидентиран кај СТОКОМАК (27.8%), додека со слични бројки се и КИППЕР МАРКЕТ И ГРАНДПРОМ-ЗУР, каде растот се движел околу 24%.

За одбележување е дека РАМСТОРЕ е единствената компанија од оваа листа која има пад на вкупните приходи, односно изгубила дел од маркет пропорцијата. Кај нив забележан е пад од 13.3%.

За време на пандемијата 6 компании од оваа група успеале да ја завршат годината со поголем пораст на приходи, во однос на предходната година, а најголем скок оствари ГРАНДПРОМ-ЗУР.

Целосната анализа прочитајте ја тука.

07.06.2021 - 10:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега