Камчев понудил гаранција од 2,2 милиони евра да му биде вратен пасошот

Бизнисменот Јордан Камчев осомничен во предметот „Империја“, понудил 2,2 милиони евра како гаранција за да му биде вратена патната исправа од Основниот суд, пренесува порталот СДК.МК

Со оваа гаранција која ја понудил, Камчев бара да му биде укината мерката одземање на патна исправа, како гаранција дека нема да избега.

Апелација во четврток ќе одлучува за жалбата за пасошот на Камчев.

Лани во мај му беа одземени и македонскиот и бугарскиот пасош, па му беше издаден времен пасош од страна на Катица Јанева, тогаш во својство обвинителка во СЈО.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.01.2020 - 17:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега