Камчев за снимките за „Рекет": Гласот е мој

Бизнисменот Орце Камчев, кој се јавува како главен сведок во случајот „Рекет“, потврдува дека негов е гласот што се слуша на аудио-снимките кои се појавија на Јутјуб.

-Се работи за делови од поголем, подолг разговор од кој лесно се забележува дека, за жал, тенденциозно се сечени делови кои истиот целосно го вадат од контекст, а тоа придонесува да се создаде погрешна перцепција и погрешни заклучоци за кажаното. Тоа е разговор кој се одвиваше оваа година кон крајот на август на вечера во Бугарија, а за време на тој разговор бевме присутни четворица од кои јас и уште двајца можеме да потврдиме дека тоа не е целосниот разговор воден тогаш и дека сечените делови оставија многу простор за погрешно толкување на она кое се зборува. Во истата насока, целосно изваден од контекст е и делот со „наводните закани“. Никогаш во животот ниту сум се служел ниту ќе се служам со закани, а најмалку од се, како родител, татко на две деца би си дозволил да кажам и упатам закани кон нечии деца. Сметам дека целта на изнесените разговори во јавноста е комплетно друга, односно, е обид на оној кој ги снимил да се умилкува кај одредени структури, бидејќи најверојатно со соочувал со поголеми проблеми кога ги снимал, па, играјќи на овој начин, сметал дека ќе добие позитивни поени, вели Камчев за Фокус.

Според него објавувањето е неетички и тој ќе соработува со ОЈО.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.12.2019 - 15:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега