Камион се обидува да мине преку дрвен мост во Русија- во следната секунда го снемува под вода

Несреќата се случила во село во близина на Москва, а возачот, за среќа преживеал.

На социјалните мрежи се појавила снимка која настанала во источна Русија, а на неа се гледа како камион се обидува да мине преку висечки мост, кој во еден момент се руши.

Снимката наводно настанала во селото Уријум, источно од Москва. Како што може да се види, камионот во еден момент лесно се приближува до мостот и се обидува да мине преку него, иако е тесен и не многу стабилен.

Веќе во наредниот момент целата конструкција почнала да пропаѓа и се урнала во реката заедно со возилото.

Меѓутоа, како што пренесуваат медиумите, возачот по несреќата за среќа преживеал.

Погледнете како изгледало сето тоа:

24.07.2021 - 12:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега