Кандидатите на коалицијата Алијанса на Албанците и Алтернатива на средба со граѓани во Тетово

Кандидатите на коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива од изборната единица 6, Аднан Незири и Хисни Исмаили, се сретнаа денеска со жителите на населбата Тетекс 2 во Тетово. На оваа средба, кандидатите ја претставија програмата на коалицијата „Држава за сите“, која им гарантира на граѓаните радикална промена во многу области на социо-економија, правда, здравство, образование и култура.

Кандидатите Незири и Исмаили, исто така, детално го презентираа решението за многуте проблеми што ги имаат Тетово и Тетовци. За време на средбата, кандидатите ја сослушаа загриженоста со која се соочуваат граѓаните и кои со години остануваат нерешени.

Коалицијата „Алијанса за Албанците“ и „Алтернатива“ во наредните денови ќе имаат остварат и други состаноци, со секој граѓанин, внимателно да ги согледаат нивните проблеми, да ја претстават победничката програма која е гарант за решавање на какви било проблеми и пречки.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.06.2020 - 18:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега