Кандидатот за градоначалник на Штип од ВМРО-ДПМНЕ, Иван Јорданов презентираше проекти за централното градско подрачје

Кандидатот за градоначалник на Штип од ВМРО-ДПМНЕ и колициските партнери, Иван Јорданов и двајцата кандидати за советници Весна Кожинкова и Димитар Белич преку видео прес-конференција презентираа проекти во населбата „Исар“, урбаната заедница „Брегалница“ и централното градско подрачје. Меѓу приоритети за населбата „Исар“ им е реконструкција на водоводната мрежа, но и на улиците.

-Наша задача е да ги одржуваме и реконструираме улиците, но и да обезбедиме повеќе паркинг места во центарот на градот, вели Јорданов.

Кандидатот за градоначалник на ВМРО ДПМНЕ, Јорданов и двајцата кандидати за советници посочија дека најмладите заслужуваат модерни детски игралишта во централното градско подрачје.

-Наша обврска во овој дел на градот е да го направиме она што граѓаните го очекуваат од нас вели, Јорданов.

Кандидатот за градоначалник на ВМРО – ДПМНЕ вечер својата програма ќе ја презентира во старата штипска населба „Стар Конак“.

29.09.2021 - 12:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега