Караџовски: Ние сега сме во критична фаза, нема враќање – населението ме разочара

„Факт е дека есенскиот бран со коронавирус подрани, но не е точно дека ние не бевме подготвени“, изјави епидемилого д-р Жарко Караџовски во интервју за МРТ.

Караџовски вели дека ова што моментално се случува тој го најавил уште пред неколку месеци на прес конференција кога кажал дека вирусот се шири на јужната хемисфера.

„Луѓето во август и септември започнаа да одат на одмор, започнаа да одат на журки, забави, одмори… Плажите во Охрид беа преполни“, вели Караџовски.

Тој потенцира дека Комисијата никогаш не дала дозвола да се организираат вакви настани.

„Моментално ни се случува непочитување на мерките, не се носи маска, не се почитува дистанцата за време на кафе-разговорите и на се тоа ќе додадеме свадбите и погребите“, дециден е Караџовски.

Во однос на свадбите и погребите вели дека доколку ние знаеме 1 или 2 на кои не се почитувале мерките, тој знаел 10 пати повеќе такви случаи.

„Прават свадби за кои велат дека не се свадби туку домашни прослави. Седнуваат во кафана, на различни маси, се издаваат посебни сметки и на крај тоа станува свадба“, изјави Караџовски во интервју за МРТ.

Додава дека е разочаран од населението и лицата кои требало да покажат пример како треба да се однесува за време на коронавирусот.

„Ние се наоѓаме во критична фаза, од која не може да се вратиме назад, во време кога апелиравме да се почитуваат мерките“, изјачи Караџовски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.10.2020 - 09:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега