Каракачанов: Бугарија е под дипломатски притисок од Германија поради С. Македонија

Бугарија се наоѓа под дипломатски притисок да ја поддржиме Северна Македонија, но ние сме суверена држава и имаме достоинство, изјави бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов во интервју за бугарската телевизија Нова.

-Некои Македонци веруваат дека Германците и некои други европски земји ќе нè притиснат и ние безусловно ќе се согласиме да ги поддржиме. Тие не притискаат, тоа е факт. Сепак, Бугарија има свое достоинство и е суверена држава. Ние сме под дипломатски притисок, вели министерот за одбрана Каракачанов.

Тој посочи дека на прво место станува збор за земјата што моментално претседава со ЕУ.

-Германија е многу активна со аргументот дека ‘можете повторно да ги запрете’, вели Каракачанов.

Во интервјуто да авторската емисија „Вози директно“, тој се осврнува на некои историски настани, за Гоце Делчев и обвинува за присвојување на историјата и непочитување на Договорот.

-Скопје не само што не се придржува кон Договорот за добрососедство и пријателство, туку дури смета дека нема обврска да го почитува. Во С Македонија тоа мораше да се сфати уште на 9 октомври минатата година Бугарскиот парламент гласаше за рамковниот став, во кој се порачува да се промени говорот на омраза, да се сменат учебниците по историја, географија и литература, во кои гледаме кражба на бугарска историја, негирање на бугарскиот идентитет на населението во Македонија, навредливи квалификации кон Бугарите, рече Каракачанов.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.10.2020 - 14:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега