Каракачанов: Не се надевајте дека САД ќе ја притисне Бугарија за Македонија и Бугарија ќе потклекне и ќе ги спушти гаќите

Министерот за одбрана и вицепремиер Красимир Каракачанов во интервју за бугарската ТВ Нова изјави дека не очекува притисок со промената на раководството во САД, дека некој ќе ја притисне Бугарија за Македонија.

-Притисок не очекувам и тоа е втората голема наивност на политичарите во Скопје дека со промената на раководството во САД, некој ќе ја притисне Бугарија и Бугарија ќе потклекне и ќе ги спушти гаќите.

Го користам вашиот етер за повторно да им кажам. Немојте да се надевате на тоа, како што вели бугарскиот народ на двете страни на границата, од оваа страна на Осогово и од другата. Завршете си ја работата, спроведувајте го договорот за пријателство и добрососедство и работите ќе тргнат. Прекинете да ги воспитувате младите луѓе на говорот на омраза кон Бугарите, бидејќи ние сме еден народ и едната страна ги воспитува на омраза кон другата, тоа е целосно бесмислено, непродуктивно и нема да ги води кон ЕУ, вели Каракачанов во изјава за бугарската ТВ Нова.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.01.2021 - 13:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега