Каракачанов: Новата власт ќе потклекне под притисокот на САД и ќе дозволи Северна Македонија да влезе во ЕУ

Министерството за надворешни работи мораше да реагира на изјавата на специјалниот пратеник на Вашингтон за Западен Балкан, Габриел Ескобар, дека е „погрешно Бугарија да користи билатерален договор за да ги запре аспирациите на Северна Македонија кон ЕУ“, велипретседателот на ВМРО – бугарско национално движење и поранешен министер за одбрана во владата на Борисов, Красимир Каракачанов, во интервју за „Епицентар“.

Според него уште почудно е што ниту една од партиите застапени во парламентот не издаде соопштение, а молчат и новите таканаречени демократски протестни партии.

„Изненадувачки, нема реакција од никого – претседателот, кој влегува во изборната кампања и луѓето ќе сакаат да го слушнат неговиот став. И кога молчите – создавате чувство дека сте се помириле со овој притисок“, вели тој.

Во еден дел од интервјуто, Каракачанов заклучува дека се работи за „очигледно ‘соросоидни’ структури, кои имаат јасна намера да го предадат бугарскиот национален интерес со доаѓањето на власт“.

А на прашањето кои се тие формации, Каракачанов вели дека би можел да ги наведе и по име, но дека тоа се сите оние што влегле во парламентот и кои, како што вели, сега се подготвуваат да упаднат во парламентот и истакна дека единствените што имале цврст став е БСП.

22.09.2021 - 13:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега