Каракачанов: Скопје да не се надева на „надворешен“ притисок врз Бугарија

Бугарскиот вицепремиер и лидер на националистичката партија ВМРО, Красимир Каракачанов, денеска изјавил дека политичарите во Скопје не треба да се потпираат на надворешниот притисок врз Бугарија за решавање на контроверзните прашања во билатералните односи, пренесува „Слободен печат“.

„Почитувајте го Договорот за добрососедство, бидете искрени и постапувајте со интегритет е патот за нив – или во спротивно не гледам какво добро може да очекуваат од Бугарија“, рече Каракачанов пред новинарите.

Тој рекол дека „македонската страна нема намера да води отворен дијалог и дека властите продолжуваат да сметаат дека некој, Германија, САД, администрацијата во Брисел, некој друг, ќе изврши притисок врз Бугарија да се поклони“. “Ова се пораките што ги гледам. Се надевам дека не сум во право. Ајде да видиме како заедничката комисија ја завршува нивната работа денес”, изјавил вицепремиерот додавајќи дека „не очекува чуда од Скопје”.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.10.2020 - 20:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега