Карантинот во „Молика“ според пропишаните протоколи

Во државен карантин во хотелот Молика на Пелистер, капацитет во сопственост на АД ЕСМ, ноќта меѓу саботата и неделата 28 и 29 март се сместени 76 граѓани вратени со чартер лет од Меминген, Германија.

Изолациониот период, посочуваат од ЕСМ, тече во најдобар ред, граѓаните добиваат три оброци дневно, вода, средства за лична хигиена и за одржување на хигиена во собите. Исто така, овозможено им е и да примаат храна, облека и други потребни средства од нивните блиски, кои можат да ги предадат во хотелот секој ден меѓу 11 и 12 часот.

– Во хотелот има строга дисциплина и почитување на сите воспоставени протоколи, и редот се одржува од службени лица од МВР. Персоналот нема допир со изолираните граѓани. Храната се подготвува во хотелската кујна, но се доставува до собите од страна на едно лице-волонтер, кое обврските ги обавува под заштитна маска и ракавици и кое во овој период исто така е сместено во хотелот, соопштуваат од АД ЕСМ.

Приемот и сместувањето на граѓаните, додаваат, се направени во координирана, професионална и успешна соработна со МВР и со Клиничката болница во Битола. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.03.2020 - 15:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега