Кардиолог од Битола растура во Германија: Го вградува најмалиот пејсмејкер во светот

Докторот на медицински науки Дејан Начоски, искусен интервентен кардиолог во Ахен, Вирзелен во Германија е наш битолчанец кој работи веќе 17 години во Германија и успешно ги изведува најновите иновации во интервентната кардиологија, како отварање на комплексни запушувања на срцевите садови /стентирања, вградувања на сите видови на пејсмејкери , најновите методи на аспирација на тромб во белите дробови, затварање на вродени срцеви мани итн.

Др Начоски е интервентен кардиолог кој е сертифициран за вградување на најмалиот пejсмејкер во светот.

„Накратко за стандарните Пејсмејкери, тие се Електростимулатори кои се состојат од електрични жици со дожина од 53 до 60 цм поврѕани со електронско куќиште. За да се вгради стандарден Пејсмејкер треба да се направи рес од 6 до 10 см под клучната коска, се препарира џеб во кој се вградува/вметнува Пејсмејкерот, од таму преку вена се вметнуват жиците од 60 цм во десната предкомора и во десната комора“ објаснува Др. Начоски.

„Пејсмеркерот дава импулс, за да може да работи срцето, кај пациентите кадешто има блок и сопствените импулси се блокирани и нефункционални, тие пациенти се доведуват во ситуација со следниве симтоми : вртоглавица , бессознаије, а и во најлош случај до целосен блок и смрт. Како погоре наведено гледаме дека вградување на стандарни Пејсмеркери е операција поврзана со повеке можни компликаци кај постарата популација како на пример крварење, инфкеција на Пејсмеркерскиот џеб, инфекција на жиците којшто може да доведе до ендокардит / инфекција на срцевиот мускул или инфекција на валвулите.

Мини пејсмејкерот таканаречен МИКРА е толку мал што не се гледа однадвор, па не остава никакви испакнатини на градите или видливи лузни. Голем колку една капсула или една монета. Новите пејсмејкери се имплантираат директно во срцето преку феморалната вена од десната нога, преку пластично цевче ткн. водич и се вгадува во десната комора на срцето, тој директно доставува електрични импулси без употреба на електроди. Процедурата трае од 30 до 40 минути, мини Пејсмејкерите го намалуваат ризикот од инфекција кај пациентите бидејки нема рана и нема жици. Батеријата на новата генерација трае до 17 години “, вели  Др. Начоски.

 

18.03.2024 - 09:07

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега