Касами: Мерко е „ситната риба“, Ахмети е „печен“ за црната листа на САД
Лидерот на Движењето Беса, Биљал Касами во интервју за Еуроњус Албанија коментирајќи ги случувањата по објавувањето на „црната листа“ на САД на која се најде струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, изјави дека за таа листа „е печен“ и лидерот на ДУИ.
Касами рече дека Рамиз Мерко е „малата риба“ и оцени дека јавноста ќа биде шокирана кога ќе бидат објавени и другите имиња, како што впрочем беше и официјално најавено.
„Во овој процес сметам дека на црна листа треба да биде ставен првиот човек на ДУИ, Али Ахмети. ДУИ се движи континуирано надолу, зашто функциобери на таа партија крадеа за време на дваесетте години на власт“, рече Касами.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа