Касами: Можеме уште повеќе да ги забрзаме процесите кон интегрирање на Македонија кон Европската унија

Претседателот на партијата Движење Беса, Биљал Касами своето право на глас денеска го оствари во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово на избирачкото место 1947.

Гласањето беше изведено според здравствените протоколи со дезифекција и задолжително носење маска.

–Денеска го искористив моето граѓанско право да гласам на овие фер, демократски и сигурни по здравјето на граѓаните избори. Овие избори се многу важни за Македонија да продолжи во нејзиниот евроатлански пат или да се врати назад во необјавена диктатура во која живеевме повеќе од 10 години. Во овие избори ја имаме таа златна можност да гласаме, продолжи евроатланскиот процес и пат на Македонија за конечно како што станавме дел од НАТО да станеме дел од Европската унија за да станеме дел од развиениот европски свет и да бидеме меѓу развиените европски народи. Значи денес ја искористив таа можност да ги повикам сите мои сограѓани да излезат да гласаат затоа што изборите се сигурни по нивното здравје, а тоа што е најважно овие избори таа златна можност да гласаат за да се продолжи евроатлатскиот пат и процеси во Македонија, истакна Касами.

Според Касами, ние можеме уште повеќе да ги забрзаме процесите кон интегрирање на Македонија кон Европската унија, затоа уште еднаш порача граѓаните да ја искористат оваа можност да изберат свои претставници за да изберат продолжување на патот на интеграција на Македонија во ЕУ, како што се интегриравме во НАТО.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.07.2020 - 21:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега