Касами најави реконструкција на Владата – Арифи не ја отфрла можноста

Лидерот на Движењето БЕСА Билал Касами и кандидат за градоначалник на ТВ 24 најави реконструкција на Владата по завршување на изборите. Прашан дали доколку тој би бил премиер ќе ја прифател оставката на министерот Венко Филипче, рече дека ситуацијата е комплексна со оглед на тоа што е пандемија и во тој период бевме пред локални избори.

-Јас очекувам дека после изборите ќе рефлектираме сите заедно и ќе има некое преструктурирање кое ќе биде за подобрување на перформансите на новата Влада, рече Касами, појаснувајќи во зависност од одлуките на коалициските партнери можна е реконструкција на Владата.

Неговата противкандидатка не ја отфрли оваа можност.

-Па тоа е прашање на политичките партии. Прашање на политички одлуки. Значи, имате нешто понудено, зависи како ќе се развиваат состојбите. Тоа е веќе прашање кое сигурно е веќе во склоп на одлуки прво на премиерот, на министрите па после тоа, нормално и на политичките партии во зависност од текот на настаните, рече Арифи, додавајќи во моментот сѐ уште не се разговара за реконструкција на Владата.

 

21.10.2021 - 21:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега