Касами: Најмалку 10 години Албин Курти се грижи за интересите на Албанците во Македонија

 

Првиот човек на Движењето БЕСА и актуелен градоначалник на Тетово, Билал Касами тврди дека премиерот на Косово, Албин Курти цела деценија се интересирал за Албанците во Македонија.

-Не може да се каже дека Албин Курти сега се обидува да влијае на политиката на албанците во Македонија. Тој во континуитет веќе 10 години се грижи, се интересира за Албанците тука. Идејата е да се бориме против корупцијата за подобро утре за сите нас, тоа го интересира и Курти. Реално, нашите политики треба да бидат поблиски со политиките во Тирана, ние сме истиот народ, и во албанскиот устав стои дека тие треба да се грижат за албанците насекаде, но историски тоа ни беше оневозможено како што знаете. Албанците од Македонија сега се поблиску со соработката и политиката со Приштина., рече Касами.

13.02.2024 - 22:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега