Касами: Оливер Спасовски да објасни како се случи бегството, ќе бараме одговорност од него

Лидерот на Беса, Биљал Касами во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски треба да објасни како се случило бегството на екс директорот на УБК, Сашо Мијалков.

Тој порача дека ќе побараат одговорност од Спасовски.

„Најдиректна одговорност треба да побараме од Министерот за внатрешни работи. Тој е избран во Собрание и таму треба да објасни. Прашуваме каде е човекот, каде е Мијалков, како побегнал, кој му помогнал?. Тоа треба да го одговори Министерот за внатрешни работи“, вели Касами.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.02.2021 - 22:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега