Касами потврди дека БЕСА ќе раководи со Земјоделство - Самка Ибраимовски незадоволен од укинувањето на позицијата министер без ресор

 

Поранешниот пратеник Самка Ибраиомовски незадоволен од укинувањето на министерските места без ресор. Тој со доза на незадоволство излезе од состанокот со коалициските партнери кој вечерва се случи во партиското седиште во СДСМ.

-Фактички тоа што го имавме го убија. Министерот без ресор за имплементација и стратегија на Ромите, каде што беше појдовна точка и премиерот ја потпиша Декларацијата и Стратегијата на Ромите што треба да се направи во следниот период. Не знам кој сега ќе ја прави таа Стратегија. Тој документ е потпишан, и уште многу други документи кои се предвидени во делот на Европската Комисија во делот на Ромите, рече Ибраимовски.

Лидерот на БЕСА, Билал Касами потврди дека партијата ќе раководи со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

-Беса ќе има главна улога во ова владејачко мнозинство. Ќе водиме со ресорот земјоделие и сигурно во другите ешалони на власта ќе имаме важна улога, во делот на заменици министри, дикректори на важни институции. Очекуваме дека оваќе биде придобивка на сите граѓани, рече Билал Касами.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.08.2020 - 19:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега