Кашлал и му течел носот- Снежен леопард од зоолошката во Сан Диего заразен со коронавирусот

Снежниот леопард од зоолошката градина во Сан Диего е позитивен на коронавирусот.

Деветгодишен леопард Рамил бил тестиран откако чуварите забележале дека кашла и дека му тече носот.

Како што беше објавено од зоолошката, тој нема други симптоми, пренесува Гардијан.

Рамил го дели живеалиштето со женски снежен леопард и два леопарди Амури, па се претпоставува дека и тие биле изложени на вирусот.

Не е јасно како Рамил се заразил.

Во јануари, во паркот Сафа Дриго во зоолошката градина Сафари, осум горили беа заразени со коронавирусот од чувар кој немал никакви симптоми.

Групата горила која се опорави беше првиот познат случај на инфекција кај мајмуните.

Во соопштението се наведува дека работниците во зоолошката градина немаат обврска да се вакцинираат, но дека оние кои не се имунизирани мора да носат маски постојано.

На почетокот на оваа година, зоолошката доби одредена количина експериментални вакцини против коронавирус за животни.

Видовите со најголема опасност од инфекција се вакцинирани, вклучително и неколку примати и мачки, но Рамил не ја прими вакцината пред да се зарази.

25.07.2021 - 11:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа