Кастриот Реџепи: Нема да учествувам на собраниската седница за гласање недоверба на Владата

Пратеникот на Движењето Беса, Кастриот Реџепи на Фејсбук објави дека решил да не учествува на денешната седница на Собранието на која треба да се гласа по Иницијативата за недоверба на Владата не премиерот Зоран Заев.

– Евроатлантскиот интегративен процес на државата е една моите и од основните цели на Движењето Беса. Имајќи ја предвид актуелната политичка состојба, оставката на премиерот Заев и заради процесот и силните пораки од стратешките партнери – САД и ЕУ, кои ми се соопштени од висок дипломатски претставник дека во месец декември државата има големи можности да добие датум за преговори со ЕУ, одлучив да не учествувам во оваа собраниска седница каде треба да се стави под прашалник оваа важна цел на државата и нацијата, наведува Реџепи во објавата.

Тој натаму наведува дека како политичар и совесен пратеник ја донесол оваа „не лесна одлука, водејќи се од интересите на народот и државата“.

– Државата во овој важен период нема потреба од политичка криза, додава Реџепи во објавата на Фејсбук

11.11.2021 - 11:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега