Катица Јанева нудела спогодба со Обвинителството

Катица Јанева преку своите адвокати понудила спогодба во пресрет на подигнување на обвинението во истрагата Рекет, дознава Телма, но според изворите во истрагата, Обвинитеството ја одбило.

Рускоска потенцираше и дека од еден осомничен во претходната постапка имало тенденција за спогодба, но до тоа не дошло.

Рускоска кажа дека кај тројца осомничени во проширената истрага е определен налог за претрес. Таа информираше дека има „битни докази“ за обвинението за Рекет, кое утре ќе биде поднесено.

Обвинителката посочи и дека еден од осомночените побарал спогодба за првиот дел од истрагата за кој утре ќе има обвинение.

За претеничката Фросина Ременски, Русковска рече дека се определени мерки на претпазливост, односно одземање на патна исрпава, забрана за напуштање на престојувалиштето и еднаш неделно да се јавува во судот.

На прашање како излегке документите од Обвинителството, таа рече одговорно тврди дека документите не се излезени од Обвинителстовто, затоа што се гледало на снимките дека се сликани копии.

-Во Обвинителстовто се оригиналните документи. Копии Обвинителтвото достави до Судот на 15 јули кога се бараше предлог за притвор на двајца осомничени, потоа дел од докази кога се бараше продолжување, како и дел од доказите кога се бараше определување на мерка притвор за јавен обвинител. И може убаво да се види дека тие документи што излегоа се од копии.Така да одговорно тврдам дека не се излезени од ЈО, рече Русковска.

Во однос на притворените за случајот Рекет, обвинителката рече дека заедно со обвинението утре ќе побара продолжување на притворите. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.10.2019 - 22:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега