Кавадарчанец нападнал полицаец

34-годишен кавадарчанец физички нападнал полициски службеник при извршување служебено дејство, откако претходно со автомобил го попречувал во работата.

-Вчера во 17.00 чaсот, додека полициски службеници од Полициската станица Кавадарци вршеле служба на ул.„Тиквешко востание’ во Кавадарци,  Р.К.(34) со неговото возило ги попречувал во преземањето на службените дејствија и физички нападнал еден од полициските службеници, појаснуваат од МВР во денешниот билтен.

 

 Лицето било приведено во Полициската станица и по документирање на случајот против него ке биде поднесена соодветна пријава.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.06.2020 - 16:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега