Кавадарци, Охрид и Гевгелија со најголем процент на вакцинирани лица- најмалку во Тетово и Кичево

Министерството за здравство информира дека на територијата на цела држава барем една доза вакцина досега  примиле 27,5% од граѓаните.  

-Последните анализи покажуваат дека најголем процент на вакцинирани граѓани има во Кавадарци 43,5%, потоа следи Охрид со 42,9% и  Гевгелија со 41%. Најмал процент на вакцинирани граѓани бројат следниве населени места:  Дебар со 17,3% , Тетово со 17,1% и Кичево со најмал процент на вакцинирани граѓани 15,8%, наведуваат од МЗ.

Состојбата на вакцинирани граѓани во останатите градови е следна: 

Ресен 39,8%; Битола 38, 9%; Неготино 38%; Штип 37,2%: Пехчево 36%; Велес 31%; Демир Хисар 30,9%; Берово 30,9%; Скопје 30,8%; Валандово 30,6%; Прилеп 30,3%; Пробиштип 29,7%; Крушево 28,3%; Koчани 25,3%; Свети Николе 25,2%; Делчево 24,9%; Виница 24,5%;Крива Паланка 23,9%; Радовиш 23,2%; Струга 23,1%;  Куманово 21,2%; Струмица 19,4%; Кратово 18,9%; Македонски Брод 18,2% и  Гостивар 17,8%;  

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција за медиумите порача  дека вакцините се ефикасни и безбедни и дека единствениот начин  да не бидеме затворени и да се вратиме на старите навики е што поголем број на вакцинирани граѓани, само така може да се придонесе до создавање на колективен имунитет и совладување на пандемијата.  

20.07.2021 - 13:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега