Кавги и тензии на судењето за „Монструм“: Судиите се заканија со казни

Поради тензии и расправија за време на сведочењето на поранешната министерка Гордана Јанкулоска судиите во постапката за „Монструм“ дадоа пауза од 15-тина минути. Кавга во судница настана помеѓу обвинетите, нивните адвокати, обвинителката Фатиме Фетаи, а на ова се надоврзаа и родителите на убиените момчиња, за на крајот да мораа да реагираат и судиите со опомена дека доколку не се смири тензијата, согласно законот судот ќе мора да казнува, објави МКД.мк

Кавгата и тензијата во судница се обидоа да ја смират судиите Осман Шабани и Огнен Ставрев. Судијата Шабани ги замоли родителите да се смират и да не дофрлуваат, бидејќи ќе биде приморан да ги казни.

„Ве молам немојте да дофрлувате од место, бидете трпеливи, бидејќи на овој начин ни отежнувате и на нас. Ние овде се потиме за да дојдеме до вистината и ако така продолжите да се однесувате, ќе морам да ве казнам“, рече Шабани.

На ова родителите беа едногласни дека тие и онака се веќе казнети со загубата на нивните деца.

Судијата даде пауза по која ќе треба да продолжи сведочењето на Јанкулоска, а по неа на Синиша Алексовски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.02.2020 - 14:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега