Казнен налог за охриѓанка за непочитување на самоизолација

Основното јавно обвинителство – Охрид, до надлежниот суд во Охрид, достави предлог за издавање казнен налог против едно лице за сторено кривично дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, предвидено и казниво во чл. 206 ст. 1 од Кривичен законик.

Обвинетата на 18 март, допатувала од Швајцарија-земја со високо ниво на ризик. Иако, на граничниот премин Меѓународен Аеродром-Скопје потпишала изјава, постапила спротивно на  наредбата на Министерот за здравство и Одлуката на Владата на Република Македонија за мерки за спречување на внесување и ширење на корона ворусот-COVID-19. Наместо да спроведе задолжителна самоизолација во времетраење од 14 дена на адресата дадена во изјавата, излегла од своето престојувалиште и се упатила во непознат правец. На 20 март, при контрола извршена од страна на полициски службеници, обвинетата не била пронајдена во престојувалиштето со што го сторила кривичното дело што и се става на товар.

Обвинителството, му предложи на судот на обвинетата да и биде изречена кривична санкција, парична казна во висина од 100 дневни глоби во вредност од 20 евра за една дневна глоба, односно вкупно 2000 евра и да ја задолжи со трошоците на постапката.​

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.03.2020 - 11:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега