Казни за 161 скопјанец

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, при што утврден бил 161 прекршок.

„На територијата на град Скопје изречени се вкупно 161 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 35 санкции, 16 за возење без возачка дозвола, 5 за возење под дејство на алкохол, седум за технички неисправни и нерегистрирани возила.
Изречени се три мерки за неносење на сигурносен појас, четири за минување на црвено светло, 4 за возач почетник, 56 за непрописно паркирање“-се вели во писменото соопштение на МВР.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат.


23.09.2021 - 09:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа