Кениец победи на „Скопскиот маратон“, Ивановски заврши втор

Кениецот Онесмус Киплимо Киплагат е победник на Скопски маратон 2022“, откако патеката 42 км ја истрча за 2 часа 18 минути и 19 секунди.

По него следеше македонскиот атлетичар Дарио Ивановски со 2.23,07 часа, додека трет заврши Никола Илиевски со 2.43,28 часа.

Во женска категорија славеше Кетрин Черотич со време 2.38,48 часа, втора беше македонската атлетичарка Билјана Кираџиева со 3.04,49, а трета заврши Тамара Попов со време 3.23,00 часа.

02.10.2022 - 11:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега