Кети Пери и Орландо Блум ја одложија свадбата, еве ја и причината

Кети Пери и Орландо Блум наводно одлучиле да ја откажат својата свадбата поради коронавирусот кој владее во светот.

Среќниот пар организираше свадба и речиси се би било подготвено да го изгворат судбоносното „да“, но поради моменталната ситуација во светот и паниката поради корнавирусот тие одлучиле да ја одложат свадбата.

„Се беше подготвено за свадбата, беа поканете 150 гости на венчавката во Јапонија. Кети беше многу возбудена, особено кога дозна дека е бремена, но се е откажано за некое подобро време“ вели близок извор на парот.

Пејачката и актерот се тажни поради одложувањето на свадбата, но се сигурно дека донела правилна одлука.

„Беа пресреќни што ги договорија сите детали околу венчавката. Тажни се, но се сигурни дека направија вистински потег и дека ќе има и друга прилика“. вели изворот.

За потсетување, неодамна Кети во својот нов спот откри дека е бремена и го покажа трудничкото стомаче.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.03.2020 - 13:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега