Кичеец пред Русковска молчел три часа

Зоран Милевски -Кичеец, еден од осомничените во истрагата за „Рекет“, се бранел со молчење, кога требало пред обвинителката Вилма Русковска да даде исказ, дознава „Фокус".

Кичеец кој остана во Обвинителството три часа, само молчел. Можно е со истата стратегија на молчење да се „брани“ и осомничениот Бојан Јовановски, бидејќи тој се уште не ги видел доказите кои обвинителството ги има против него.

За Рекет досега беа објавени видеа од италијанскиот Ла Верита каде се гледа како Боки13 и Кичеец земаат рекет од Орце Камчев, а се слушна и гласот на специјалната обвинителка Катица Јанева, како вели се ќе биде добро.

Таа веќе е во 30. дневен притвор за случајот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.08.2019 - 11:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега