Кичевчанец си ги малтретирал коњите - со остар предмет им ги расекувал главите

Полицијата поднесе кривична пријава против 41-годишен маж од село Србјани за мачење животни.

Според информациите на МВР, А. А. (41) од кичевското село Србјани, во периодот декември минатата до јануари оваа година, извршил злоупотреба на осум коњи во негова сопственост, со кои вршел дотур на огревни дрвја.

„Тој ги изложувал на тегобна состојба, користел остар предмет со кој им предизвикал расеченици на главите и не презел мерки за санирање на предизвиканите повреди“, соопштија од полицијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.01.2020 - 16:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега