Кичевчанецот со симптоми на мајмунски сипаници избегал од болница

Возрасен маж од Кичево по враќање во Македонија од Австрија побарал медицинска помош и имал симптоми на мајмунски сипаници, по што му било препорачано да прави тест, но тој избегал, објави „Алсат“.

Кичевчанецот се пријавил кај матичниот доктор, по што му било кажано да оди на Инфективна клиника во Скопје, но тој не се појавил во дежурната служба, кажал директорот на болница во Кичево за „Алсат“.

Од Министерството за здравство, исто така, кажале дека на Инфективна клиника немало пациент кој има симптоми на мајмунски сипаници.

10.08.2022 - 18:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа