Киев без трамваи и тролејбуси, ќе се зголеми бројот на автобуски линии

 

Поради акутниот недостиг на електрична енергија предизвикан од руските напади врз украинската енергетска мрежа, во главниот град Киев во прекин е јавниот превоз со трамвај и тролејбус.

Градоначалникот Виталиј Кличко најави дека во замена на возилата на струја во промет ќе бидат пуштени дополнителни 222 автобуси на редовни линии.

Метрото во Киев не е засегнато од мерките за штедење струја.

Повторените руски напади врз украинската енергетска мрежа предизвикаа сериозни штети, особено во Киев. Кличко на почетокот на оваа недела изјави дека тримилионскиот град може да задоволи само половина од потребите за електрична енергија. 

23.12.2022 - 21:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега