Ким Џонг-ун патува за Русија со специјален воз, средбата со Путин се очекува неделава

 

Како што објави „Блумберг“, в среда, 13 септември, ќе се сретнат Ким Џонг-ун и Путин. Севернокорејскиот лидер наводно веќе отпатувал со воз за Русија.

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун се чини дека е упатен за Русија на самит со претседателот Владимир Путин, објави јужнокорејскиот информативен канал ЈТН цитирајќи неименуван владин извор.

Според достапните информации, Ким со специјален воз се упатил кон североисточната граница на Северна Кореја, а средбата меѓу двајцата лидери треба да се одржи најрано во вторник.

Претходно, ЈТН објави дека средба меѓу Ким и Путин се очекува в среда.

Руската новинска агенција претходно денеска објави дека Ким се очекува да го посети Далечниот Исток во наредните денови.

Доколку се одржи средбата, тоа ќе биде прва посета на Ким во странство по повеќе од четири години и прва по пандемијата на Ковид-19.

Последната посета на Ким беше на Владивосток во 2019 година на првиот самит со Путин откога пропаднаа преговорите со поранешниот американски претседател Доналд Трамп за откажувањето на Северна Кореја од нуклеарната програма.

11.09.2023 - 13:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега