Ким ја спушти топката: Се откажа од одмаздата над Сеул, ваква одлука никој не очекуваше

Претставник на Министерството за јужнокорејско обединување ја пофали неодамнешната одлука на претседателот на Северна Кореја за прекинување на воената акција против Сеул, надевајќи се дека овој потег би можел да означи почеток на олеснување на тензиите и подобрување на односите меѓу двете соседи.

Ким Јонг-ун во вторникот оствари прелиминарна средба со Централниот воен комитет на Комунистичката партија, кога донесе одлука да ги повлече плановите за воени дејствија против Јужна Кореја, јави агенцијата Јонхап.

Оваа одлука ги изненади сите бидејќи Пјонгјанг вети дека ќе се одмазди на Сеул поради испраќање на пропагандни летоци преку границата и дека ќе превземе низа чекори, вклучувајќи и воена акција.

Претставник на Министерството за обединување на Јужна Кореја, зборувајќи под услов на анонимност, го опиша потегот на Пјонгјанг како позитивен знак и рече дека Сеул се надева оти двете земји ќе можат да ги решат односите и да решат прашања од заемна загриженост преку дијалог.

Неколку часа откако Пјонгјанг ја објави својата одлука, војската отстранила некои од звучниците кои претходно биле поставени на границата со цел да објави пропагандни пораки, а медиумите повлекоа написи во кои се критикуваше Јужна Кореја.

Тензиите помеѓу двете Кореи траат веќе некое време.

Откако Сеул испрати летоци со пропаганда преку границата, Северна Кореја ги прекина телефонските врски со соседот на југ.

Минатата недела Пјонгјанг ја разнесе канцеларијата за врски со Јужна Кореја, заканувајќи се за одмазда во форма на воена акција.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.06.2020 - 11:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега