Кина со предупредување: Ќе следи одмазда, ако кинеските новинари бидат протерани од САД

Кина ќе преземе мерки за одмазда ако сите кинески новинари со седиште во Соединетите Американски Држави бидат принудени да ја напуштат земјата, изјави главниот уредник на Глобал тајмс, Ху Ксијин.

 

„Бидејќи американската страна не ги обновува визите на кинеските новинари, кинеската страна се подготви за најлошото сценарио дека сите кинески новинари треба да ги напуштат САД”, напиша Ху на Твитер.

Тој наведе дека кинеската страна, доколку тоа се случи, ќе се одмазди, вклучувајќи ги и американските новинари со седиште во Хонг Конг.

„Глобал тајмс” е весник на кинеската владејачка Комунистичка партија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.08.2020 - 09:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега