Кина со силна осуда: Америка е земја насилник која ги крши правилата

Кина денеска остро го критикуваше Вашингтон на состанокот на Светската трговска организација (СТО), нарекувајќи ги САД унилатерален насилник и земја која ги крши правилата.

Кинескиот амбасадор во СТО, Ли Ченганг, рече дека Вашингтон го информирал за својата намера да поднесе жалба на неодамнешната одлука на СТО, според која американските царини за метал ги прекршуваат глобалните правила.

„Ова вознемирувачко однесување на САД јасно ги прикажа САД како унилатерален насилник, земја која ги крши правилата и го нарушува синџирот на снабдување“, рече тој, пренесе Ројтерс.

СТО донесе големи пресуди против САД во последниве недели, вклучително и пресуда за метали во која беше вклучена Кина, пренесе Новости.рс.

27.01.2023 - 17:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега