Кинески лекар почина од корона вирусот: Го вратиле од пензија за да ги лечи заразените, па за 9 дена починал

Лекар од Вухан,Лианг Вудонг (62) се вратил од пензија за да ги спасува заразените од коронавирусот, но набрзо и самиот се заразил, па починал во саботата наутро.

Освен Вудонг, починал уште еден лекар од срцев удар додека ги лечел заразените, но се уште не е објавено дали срцевиот удар бил последица на изцрпеност или и тој бил жртва на вирусот.

Докторот Лианг Вудонг работел во болницата во Вуханг и е шпрвата позната жртва помеѓу медицинскиот персонал, пренесува Гардијан.

Иако веќе бил во пензија го повикале да помогне во спречување на заразата, а починал 9 дена откако се заразил со смртоносниот вирус.

Бројот на жртви од коронавирусот се искачи на 80, а дури 60 милиони лица се погодени од делумен или целосен карантин, а само во Кина се заразени 2744 лица.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.01.2020 - 10:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега