Кинески научници: Коронавируот кој се појави во Пекинг е различен, досега не бил регистриран во Кина

Новите случаи на коронавирус во главниот град на Кина се увезени, изјави за CGTN главниот епидемиолог на кинескиот центар за контрола и превенција на болести, Ву Кунџу.

Според China Radio International, 137 нови случаи на коронавирус биле пријавени во Пекинг од 11 до 16 јуни, а повеќето од нив се поврзани со пазарот на големо, Синфади во областа Фенгтаи.

Во интервју за CGTN, Ву Кунџу, главен епидемиолог на кинескиот центар за контрола и спречување на болести, изјави дека е јасно дека сојот на вирусот во Пекинг е всушност главниот сој на вирусот во европските земји. Поради тоа, вели Ву, вирусот очигледно пристигнал во Кина и Пекинг од странство.

Европскиот сој на вирусот е распространет во многу други земји, но не и во Кина, додаде тој.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.06.2020 - 09:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега