Кинескиот Ел Чапо осуден на смрт побегнал од затвор: Бегство низ канализациски отвор како на филм

Бегството од затвор налик на тоа во филмскиот хит „Бегство од Шошенк" го забележале безбедносните камери во Индонезија.

Имено, кинескиот нарко-бос Чаи Чанпанг, кој е осуден на смрт, побегнал од Тангреанг затворот во близина на Џакарта. 

Тој успеал да се провлече низ канализациски отвор долг 30 метри и тоа така што претходно со шрафцигер ископал дупка во својата ќелија.

На своето бегство Чаи работел долго време, а претходно го украл алатот од затворската кујнска работилница и ископал отвор широк половина метар низ кој успеал да дојде до затворската канализација.

Сето тоа се одиграло во добро испланирано време, во момент за смена на затворската стража. Безбедносните камери го фатиле моментот кога Чаи излегува од канализацискиот отвор, станува и исчезнува низ улицата.

Службениците на индонезиската полиција велат дека ова спектакуларно бегство било планирано пет до шест месеци.

Чаи, кој е наречен и кинески Ел Чапо, станал еден од најбараните бегалци во Индонезија, а властите преземале мерки да го спречат бегството од земјата.

Чанпанг е осуден на смртна казна во 2017-та година, откако бил прогласен за виновен за шверц на 110 килограми синтетичка дрога метамфетамин. Полицајците, меѓутоа, нагласуваат дека ова не е прв пат Чанпанг да побегне од затвор. Додека чекал на судењето, во бањата со помош на железна шипка ископал дупка низ која побегнал, но и повел неколку затвореници со себе. Биле пронајдени три дена подоцна и вратени во затворската ќелија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.09.2020 - 15:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа