Кинеските хотели се опоравуваат

Видлив е почеток на опоравувањето на хотелскиот сектор во Кина.

Ова го покажува извештајот на американскиот СТР, кој ги обработува податоците на пополнетоста на хотелите во Кина за почетокот на оваа година.

Пандемијата од Ковид-19 силно го погоди хотелиерскиот сектор, што прво беше видливо со драматичниот пад на пополнетост на хотели кон крајот на јануари оваа година. Додека сѐ уште на почетокот на годината просечната на пополнесто беше 60 отсто, со објавувањето на појава епидемија од коронавирусот таа падна на нешто над 10 отсто.

Од средината на февруари полека се подобрува ситауцијата околу коронавирусот, па исполнетоста полека почнува да расте за до средината на овој месец хотелските капацитети во Кина да достигнат просечна исполнетост до над 20 отсто.

Овој тренд не може да се спореди со епидемијата од САРС во 2003 година кога исполнетоста од 70 падна на 15 отсто. На опоравување на секторот се чекаше три месеци од избивањето на епидемијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.03.2020 - 20:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега