Кинеските научници откриваат колку типови на коронавирус постојат и кои се најопасни

 

Прелиминарната студија спроведена од научници од универзитетот во Пекинг и Институтот Пастер во Шангај, покажува дека постојат два вида на нови коронавирусот и дека поагресивниот тип опфаќа близу 70% од видовите, додека 30% го прави помалку агресивниот тип .

Имено, се покажа дека поагресивниот тип на вирус бил доминантен во раната фаза на епидемијата во Вухан, кинескиот град каде за прв пат беше откриен Ковид-19 кон крајот на минатата година, објави Си-Ен-Би-Си.

 Меѓутоа, зачестеноста на тој вид вирус опадна на почетокот на јануари.

Кинеските истражувачи велат дека наодите на студијата сугерираат дека развојот на нови варијанти на вирусот најверојатно е предизвикан од мутации и природна селекција, како и со рекомбинација, пренесува Танјуг.

„Овие наоди се силна потврда за итна потреба од натамошни директни и сеопфатни студии со кои се комбинираат податоците за гени, епидемиолошки податоци и графикони со клинички записи за симптоми на пациенти со коронавирусот во 2019 година (Ковид-19)“, велат истражувачите.

Наодите се објавени во Националната научна ревија, списание на Кинеската академија на науки.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.03.2020 - 13:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега