Кинезите открија нов сој на коронавирусот - се пренесува и од животни на луѓе

Кинеските научници открија нов сој на корона и предупредуваат на опасноста за биолошката сигурност што ја претставува тој. Новиот сој може да се пренесе од животни на луѓе, а досега антителата против ковид се покажале бескорисни во борбата против него.

Научниците, од кои најголем дел се од Унивезитетот во Вухан, неочекувано открија дека НеоКоВ во Јужна Африка и неговиот близок сродник ПДФ-2180-КоВ можат ефикасно да користат некои ензими кај лилјаците и со тоа да се префрлат и на човек.

Еден од ензимите, АЦЕ2, е дел и од ковид вирусот кој беше откриен во Вухан и беше предизвикувач на пандемијата. Според студијата, овој нов сој на ковид ги напаѓа лилјаците, а антителата стекнати од претходните соеви не помагаат во битката против вирусот.

Кинеските научници признаваат дека новиот сој е уште непознаница, но предупредуваат на можните последици доколку почне да се пренесува од човек на човек.

Од СЗО се резервирани за ова прашање и очекуваат повеќе истражувања дали овој вирус има пандемиска сила. Тие се благодарни што кинеските научници со нив благовремено ги споделиле своите откритија.

„Животните, посебно дивите животни, се извор на повеќе од 75 отсто од сите нови заразни болести кај луѓето, од кои многу се причинети од нови вируси. Корона вирусите често се наоѓаат кај дивите животни, посебно лилјаците, кои се природен резервоар за ваквите вируси“, соопшти СЗО.

28.01.2022 - 21:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега